Вести Македонија Најважни

Ослободителна пресуда за поранешниот директор на Онкологија Нино Васев, кој беше обвинет за несовесно работење во службата

Ослободителна пресуда за Нино Васев, кој беше обвинет за несовесно работење во службата. Од обвинението се ослободени уште двајца доктори од Онкологија, Игор Стојковски и Марија Симоновска.

  • Судот ги ослободи од обвинение поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев за несовесно работење во службата и двајца доктори, по поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година.

Судијката Славица Наумовски, на изрекувањето на пресудата, денеска во Основниот кривичен Скопје Скопје, рече дека обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновски се ослободуват од обвинението, со оглед дека од изнесените докази во текот на потапката не е докажало делото што им се става на товар.

  • Јавниот обвинител во текот на судењето не успеа да го докаже точното време на извршување на делото и начинот, изјави судијката Наумовска.

Трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а незадоволните странки имаат право на жалба.

Првообвинетиот Васев, не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, во изјава за медиумите по објавувањето на пресудата најави жалба пред второстепениот суд и рече дека тврдела и ќе продолжи да тврди дека кривичните дела се сторени и тројцата доктори заслужуваат осуда.

  • Тоа што го сториле обвинетите и тоа што треба да извлече поука целиот докторски персонал што работи со пациенти на Онкологија, е дека на овие пациенти им е потребна заштита согласно два закони – Закон за здравствена заштита и Закон за заштита на права на пациенти. Тие имаат точно определени права кои што им следуваат и се однесуваат на прием, лекување, терапија, дијагноза, третман, однос на лекари кои што ќе име внесе доверба дека се во сигурни раце и дека можат да очекуваат продолжување со медицинска заштита на нивниот живот. Тоа не го добил овој пациент, кој што е починат во многу тешки услови и околности и заради тоа сметавме дека е сторено кривично дело, изјави Раичевиќ.

Предмет почна во 2021 година, а според обвинението на пациент со малиген меланом три месеци во 2018 година не му била препишувана терапија на Клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба.

Нино Васев во Кривичен на судење за несовесно работење за пациент кој починал откако три месеци не му бил препишуван лек за малиген меланом

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе