Вести Македонија Топ вести

Нино Васев во Кривичен на судење за несовесно работење за пациент кој починал откако три месеци не му бил препишуван лек за малиген меланом

Екс директорот на Онкологија Нино Васев пред Кривичниот суд ги одмина медиумите кои имаа низа прашања поврзни со кражбите на лекови и сериозните обвинувања за начинот на лекување на пацинети на клиниката. Тој се појави на судењето против него за несовесно работење во службата. На пациент со малиген меланом три месеци не му била препишувана терапија на Клиниката за Онкологија и починал  откако му се влошила здравствената состојба.  

Екс директорот на клиниката за Онкологија Нино Васев не одговори на новинарските прашања за скандалот со злоупотребата на лекови за болните од канцер кој ги крена на нозе граѓаните. Медиумите објавија дека освен во клиниката и во неговиот дом викендов истражните органи извршиле претрес, Васев денеска влезе во Kривичниот суд како обвинет но, во друг предмет  кој се води против него од 2021 година. Одговара за несовесно работење во службата, а до него на обивнителна клупа седат уште двајца доктори од Онкологија, Игор Стојковски и Марија Симоновска.

Според обивнението,  на пацинет со дијагностициран малиген меланом кој требало веднаш да се лекува,  Васев  како директор на онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол да сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што затоа што три месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.

Обвинението не открива зошто не му биле давани лекови на пацинетот но, обвинителката очекува до крајот на судењето да се утврди мотивот за тоа.

Денешното рочиште се одложи затоа што ниту еден од тројцата повикани сведоци не се појави. Судењето е во доказна постапка во фаза кога одбраната ги предлага своите докази и сведоци. По тоа следуваат завршни зборови и пресуда.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе