Вести Македонија Најважни

Д-р Нино Васев и двајцата негови колеги од онкологија ослободени од вина – обвнителството не докажало дека несовесно лекувале пациент со рак кој подоцна починал

Екс директорот на Клиниката за онкологија д-р Нино Васев не беше присутен на објавувањето на пресудата со која беше ослободен од обивнението за несовенсо лекување на пациентот Томо Ристовски, кој подоцна починал. Ослободителна добија и неговите колеги Игор Стојковски и Марија Симоновска. Обвинителството не докажало дека докторите го сториле делото ниту точното време на извршување и начинот на кој било извршено, рече судијката.

Тврдам дека кривичните дела се сторени и тројцата доктори заслужуваат осуда  рече обвинителката Лидија Раичевиќ која по изрекувањето на пресудата најави и жалба.

  • Тоа што го сториле обвинетите и тоа што треба да се извлече како поука за целиот докторски персонал што работи со пациенти на Онкологија, е дека на овие пациенти им е потребна заштита согласно два закони – Закон за здравствена заштита и Закон за заштита на права на пациенти. Тие имаат точно определени права коишто им следуваат и се однесуваат на прием, лекување, терапија, дијагноза, третман, однос на лекари којшто ќе им внесе доверба дека се во сигурни раце и дека можат да очекуваат продолжување со медицинска заштита на нивниот живот. Тоа не го добил овој пациент, којшто е починат во многу тешки услови и околности и заради тоа сметавме дека е сторено кривично дело, изјави Раичевиќ. 

Предметот се водеше од 2021 година. Тројцата  докотри од Онкологија беа обвинети дека на пациент со малиген меланом во 2018-та година три месеци не му препишувале терапија. Потоа Васев кој не бил ординирачки доктор на пациентот, туку другите двајца обвинети, на семејството му рекол сами да си набават лекови од соседна држава.  Ристовски  починал на почетокот на 2019 откако му се влошила здравствената состојба.

Во обвинителството се води и предистрага за скандалот што го објавија медиумите поврзан со кражба на лекови и начин на лекување на пациентите на Онкологија. Првичните насоки во кои се води овој предмет се за тешки дела против здравјето и проневера во службата велат од обвинителство. Паралелно и во Собранието беше формирана и Анкетна комисија пред која беа распрашувани поранешни министри за здравство, поранешни директори на клиникта  мегу кои и Васев, државниот обвинителот државниот ревизорот и други но комисијата не доби епилог.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тревата пред Влада бара одговорност

Дејан Дејан

100 дена со Талат Џафери како технички премиер

Дејан Дејан

200 по 200 денари до 2,4 милиони евра, колку пари се собираат од давачката пристап до мрежа во сметките за струја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе