Овојпат вината за тоа повеќето ја гледаат во несработеното дома отколку во ЕУ. Во меѓувреме Брисел го направи досега незамисливото – ја прати Унгарија на кафе за да го изгласа стартот на преговори со Украина.
Ја добија ли со тоа и Македонија и Западниот Балкан најголемата шлаканица.
Бугарија пак во нов обид Протоколот да добие печат од Европскиот совет како услов за Македонија.
Вечерва во Топ Тема дебата со Марко Трошановски – претседател на Институт за демократија и Малинка Ристевска Јорданова – основач на Институт за европска политика.
Во видеото можете да ја проследите целата Топ Tема на Телма со Тамара Грнчароска
