Вести Македонија Најважни

Пендаровски очекува уставни измени, ветинг и демографска политика

Уставните измени, европскиот пат и сложна демографска политика, без оглед кој ќе биде на власт, треба да бидат приоритети во наредниот период, порача претседателот Стево Пендаровски во неговото последно годишно обраќање пред пратениците во петгодишниот мандат. Пендаровски предлага веднаш по изборите да се спроведе ветинг – прво кај политичарите, за да се поведе постапка против секој што во државна служба станал милионер.

Во присуство на пратениците и на првите луѓе од судскиот, верскиот и државниот врв, а во отсуство на двајцата поранешни претседатели, шефот на државата Стево Пендаровски му порача на идниот собраниски состав да ја продолжи дебатата за уставните измени и да ја задржи државата на европскиот пат.

Пендаровски укажа дека најголема закана за нашата национална безбедност и за иднината на Македонија е демографијата. Очекува заедничка стратегија со активни демографски политики.

Поради спрегата на делови од политичката и бизнис заедницата со дел од судиите и обвинителите, претседателот забележува отпор при секој обид за реформа на правосудниот систем. Затоа, предлага ветинг за сите.

Шефот на државата побара санкционирање на говорот на омраза и забрана на партии и организации кои ја злоупотребуваат демократијата, како во трагедијата на Вања Ѓорчевска.

Клучни за државата остануваат две работи: стабилни меѓуетнички односи и западната ориентација во надворешната политика, рече Пендаровски. Во своето последно обраќање во 5 годишниотј мандат, оцени дека не бил безгрешен, но никогаш немал лоша намера и не учествувал во валкани кампањи.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе