Вести Најважни Свет

Најмалку 118 лица загинаа во земјотрес во Кина

Најмалку 118 лица загинаа во силниот земјотрес во северозападна Кина, јави државната новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на властите.

Земјотресот со јачина од 6,2 степени е регистриран вчера една минута пред полноќ по локално време. Се случил на длабочина од 10 километри, со епицентар во провинцијата Гансу.

Оштетени се инфраструктурата и зградите, а во неколку села е прекинато снабдувањето со електрична енергија и вода. На некои места возовите не сообраќаат.

Во провинцијата Гансу се оштетени над 4.700 згради.

Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди голема операција за пребарување и спасување со цел да им се помогне на луѓето во погодените области.

Времето во подрачјето на земјотресот е ладно, со температура од минус 14 степени Целзиусови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе