Вести Најважни Свет

Избија немири во Белград, обиена оградата пред Изборната комисија – лидерите на опозицијата стапија во штрајк со глад

Српската опозициска коалиција „Србија против насилството“ е на масовен протест пред Републичката Изборна Комисија, каде се чекаат официјалните резултати од изборите кои вчера е одржаа во земјата. Опозицијата тврди дека има докази за изборните нерегуларности, одбиваат да ги признаат прелиминарните резултати, на кои владејачката партија на претседателот Вучиќ освои мнозинство од гласовите.

Опозицијата вели дека во Белград гласале 40.000 луѓе кои биле донесени од Република Српска, не се жители на Белград и се случил „бугарски воз“. Бараат да се поништат изборите.

На вечерашниот протест лидерите на опозициската „Србија против насилството“, пратениците Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ влегоа во зградата на Републичката изборна комисија за, како што рекоа, да предадат докази дека изборите се украдени и најавија дека ќе стапат во штрајк со глад.

„Влеговме како народни пратеници во РИК, кој е второстепен орган на Градската изборна комисија, затоа што не смееме да ги признаеме белградските избори кои беа украдени, со злоупотреба на законот, со преселување на луѓе од други земји. . Имаме пример како министер од друга држава гласа. Дојдовме да ги предадеме доказите, уште ги имаме, се пишуваат приговори. Ќе останеме овде како пратеници. Јас и Мирослав Алексиќ остануваме долго и почнуваме штрајк со глад“, изјави Мариника Тепиќ, која е во РИК.

Инциденти се случија откако оградата пред РИК беше пробиена од неколку млади, кои се обиделе да влезат во зградата. Спречени се од самите учесници на протестот, но не и од обезбедувањето кое според српските медиуми, не реагирало и не интервенирале. По ова беше спречен поголем инцидент.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе