Останато Спорт

Одермат пред Зубчиќ и Крањец на велеслаломот во Алта Бадија

Марко Одермат ја оствари втората сезонска победа во велеслалом во рамки на Светскиот Куп во алпско скијање откако денеска беше најдобар во Алта Бадија.

Швајарскиот скијач во двете трки оствари вкупно време од 2 минути, 29 секунди и 23 стотинки за трета победа во кариерата во италијанскиот ски-центар и вкупно 16-та во Светскиот куп. Зад него финишираше Хрватот Филип Зубчиќ со 19 стотинки послабо време, а место на подиумот како третопласиран имаше и за Словенецот Жан Крањец.

Одермат го задржа првото место и во велеслалом и во генералниот поредок. Во оваа дисциплина води со 200 бодови, пред Марко Шварц и Зубчиќ кои имаат по 130. Во генералниот поредок Швајцарецот има 356 бодови, 72 повеќе од Шварц, додека трет е Александер Амод Килде со 180 бодови.

Утре во италијанскиот ски-центар скијачите ќе возат уште една трка во велеслалом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе