Вести Најважни Свет

Избори во Србија: Брнабиќ тврди СНС убедливо победува и освојува половина Парламент, опозицијата смета на победа во Белград

-Добредојдовте на прослава, така досегашната српска премиерка Ана Брнабиќ на прес конференција во седиштето на владеачката СНС каде ги соопшти првичните резултати од изборите кои се добиени со пристигнување на резултатите во партискиот изборен штаб.

-Според обработен примерок од 50 % од гласачките места, СНС освои 47,1 % од гласовите. „Србија против насилство“ има добиено 23 % од гласовите, рече Брнабиќ.

Првичните прогнози на Ипсос, по три четвртини обработени податоци се дека СНС ќе освои 129 пратеници во новиот состав на српскиот Парламент што е повеќе од половина од 250-те места. Опозиционата „Србија против насилство“ би освоила според оваа прогноза 63-ца пратеници.

Опозицијата пак смета дека поради зголемената излезност во Белград тие ќе ја освојат власта во главниот град.

-Зошто тврдиме дека е голема шанса, односно според сите изгледи сме победиле во град Белград. Затоа што излезноста на избирачките места каде нашата коалиција на минатите избори оствари добар резултат-порасна. А на избирачките места каде СНС минатите избори имаше голема подрршка, излезноста падна., рече Пеџа Митровиќ, изборен штаб на „Србија против насилство“.

Републичката изборна комисија почна да ги објавува резултатите од парламентарните избори и на примерок помал од 10 %, води СНС поддржана од Вучиќ со над 50 % добиени гласови. Сепак станува збор за помал примерок од рурални средини со многу малку резултати од Белград.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени во период од 48 часа по завршување на изборите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе