Улиците под вода, а граѓаните без вода да пиење – пукната цевка го прекина снабдувањето во делови од центарот на Скопје. Багерите на водовод и канализација се`уште се терен, екипите мака мачат да го санираат дефектот кој предизвика поплави и во околните домови и објекти. Надлежните не се оптимисти дека дефектот ќе биде наскоро саниран, бидејќи е голем и сериозен.
Без вода, веќе 10тина часа е дел од Крњево, Керамидница, околината на Трговскиот центар „Ист Гејт“, корисниците покрај бул.„Александар Македонски“, Пожарната, а со намален притисок се населбите „Маџари“ и „Хиподром“. До кога? Не се знае. Јасно е само дека во овој период цистерните со вода се единствена опција за граѓаните во овие центарски реони.
Екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје, се уште работат на отстранување на дефектот, со системски пристап за истото и со вклучена потребна и соодветна механизација и делови. Екипите продолжуваат да работат и ќе останат се до комплетно санирање на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето. – истакнаа од ЈП ,, Водовод и канализација”.
Засега не се познати причините за дефектот на водоводната мрежа, ниту пак се знае штетата што ја предизвика пукањето на цевката ФИ 600-тини. Во проценките на штета и опциите за обештетување на поплавените, ќе се вклучи и општината Центар.
Марија Коцева
