Останато Спорт

Флури и Парис победници на трките од Светскиот куп

Швајцарката, Јасмин Флури и Доминик Парис од Италија се победници на денешните трки од Светскиот куп во алпско скијање.

Актуелната светска шампионка во спуст за прв пат во кариерата успеа да забележи победа во оваа дисциплина, а вкупно втора во Светскиот куп и на крајот триумфираше со 22 стоти дела пред сонародничката Јоана Хаелен додека трета со заостанување од 24 стотинки беше Корнелија Хутер од Австрија.

Во редоследот за спуст на чело е Софија Гоџа од Италија со 130 бода пред Флури со 113, а во генералниот пласман води Микаела Шифрин со 620 бода, 63 повеќе од Лара Гут Бехрами.

Кај мажите во Вал Гардена славеше Италијанецот, Парис кому ова му беше 22 победа во кариерата, а 18. во спуст.

Тој на целта пристигна со време кое беше за 44 стотинки подобро од Александар Омот Килде од Норвешка, а трет е Американецот, Брајс Бенет.

Во генералниот пласман за Светскиот куп лидер и натаму е Марко Одермат од Швајцарија со 256 бода пред Австриецот, Марко Шварц кој заостанува 22 додека трет е Бенет со 178.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе