Вести Македонија Топ вести

Парите владеат онаму каде што не владее правото, смета Пендаровски – ЕУ амбасадорот Гир насекаде гледа корупција

Нема напредок во владеењето на правото. Пораката од Европската унија е кратка и јасна, а недостатоците се констатирани. Борбата против корупцијата е клучна за напредокот на Македонија кон Унијата, а заложбите засега се декларативни наместо спроведени во пракса.

Евроамбасадорот Гир порачува дека е евидентно отсуството на независен систем на владеење на правото. Корупцијата ја гледа насекаде – од најниско до највисоко ниво.

„Дали е тоа некаква јавна услуга, дали е во училиштата и во образованието, во здравството, на работното место, во секторот животна средина или во владеењето. И отсуството на ефективен и независен систем на владеење на правото ги остава злоупотребите неказнети, правата не се почитувани, нееднаквоста расте, конкуренцијата за иновации застанува и најлошо од сѐ – граѓаните се сѐ поцинични и поотпорни кон институциите и не гледаат можност за промена“ порачува Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Претседателот Пендаровски во обраќање на пленарната сесија на тема „Национална конвенција за ЕУ: Темелни општествени вредности за европска иднина“ порачува – „онаму каде што не владее правото, владеат парите“.

Признава дека Македонија нема доволно направено за напредок на тоа поле, а доказ за тоа е што четвртина од граѓаните го зборуваат јазикот на корупцијата.

„И притоа не станува збор само за големи туку и за навидум мали и занемарливи суми на пари. Меѓутоа корупцијата е корупција независно дали станува збор за петстотини денари или петстотини илјади денари. За жал многу врати се отвораат и многу услуги стануваат достапни за оние кои го разбираат овој јазик на корупцијата. За оваа загрижувачка состојба придонесува и нерешителноста на поединци во надлежните институции да поведуваат постапки против оние за кои постојат основи на сомневање, но кои имаат статус на недопирливи во општеството. Се стекнува впечаток дека САД и ЕУ се поревносни борци против корупцијата кај нас, од некои наши институции и поединци во нив“ смета Стево Пендаровски, претседател на РС. Македонија.

Странските санкции не се доволни, корупцијата е начин на живот и преминува во менталитет. Истрагите и процесите за висока корупција се бавни и неизвесни, смета претседателот Пендаровски.

Дека нема напредок во областа на борбата против корупцијата е констатирано и укажано во Извештајот на ЕУ, а евроамбасадорот Гир истиот го опиша како „чесен, отворен, но фер“.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран

Дејан Дејан

Берлин: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност

Дејан Дејан

Косовската полиција ги заплени средствата и ги затвори филијалите на српска Поштенска штедилница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе