Вести Македонија Топ вести

И Интерпол се вклучи во потрагата по Вања Ѓорчевска

Трет ден се трага по 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, а за таа цел е формиран и специјален штаб кој работи деноноќно на пронаоѓање на девојчето. Ѓорчевска исчезна во понеделникот утрината откако го напуштила нејзиниот дом и требало да се упати кон нејзиното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци во центарот на градот.

Од МВР за Телма денеска изјавија дека продолжува интензивната потрага и дека е формиран специјален штаб кој работи деноноќно на пронаоѓање на девојчето.

Тимот е предводен од началникот на СВР – Скопје.

Попладнево и Интерпол се вклучи во потрагата по Вања Ѓорчевска.

Јавноста е на нозе и постојано на социјалните мрежи се споделува нејзина фотографии од граѓаните и повици за сите оние што имаат некаква информација поврзана со нејзиното исчезнување да се јават во полиција.

Во потрагата освен полицијата се вклучени и семејството, како и нејзини соученици кои лепеа плакати со фотографијата на Ѓорчевска и бараат какви и да се информации околу тоа каде исчезна малолетничката.

На Ѓорчевска и се губи трага во Дебар Маало во центарот на Скопје за време на утринскиот сообраќаен шпиц. Последниот сигнал од нејзиниот телефон е лоциран на булеварот „Партизански одреди” спроти Универзалната сала.

Во нејзината потрага се вклучи и Ловечката федерација.

На платформата „Најди ме“, кој е систем за рано предупредување се објавени информации за нејзиното исчезнување. Системот е воспоставен од невладината Новинари за човекови права и се работи за пилот проект во соработка со МВР и други надлежни институции.

Системот, како што информира Спировски, е дел од мрежата Амбер Алерт во Европа.

Според описот на потерницата таа е висока 175 см, тешка е 58 кг, има кафена коса и очи, носи протези и има бемка на десна страна од лицето. Таа била облечена во син блузон, црна јакна и црни фармерки со странични џебови и бели патики со кафеави линии. Со себе носела и ранец и мобилен телефон марка Ајфон.

Ова не е единствениот случај на исчезнато дете во земјава по кое што трага полицијата.Во последните три години во Македонија исчезнале повеќе од 70 малолетници, но најголем број од нив се пронајдени. На сајтот на МВР се уште се активни потрагите по шест деца.

Според Европскиот центар за исчезнати деца, 300.000 деца исчезнуваат секоја година. Секој што има каква било информација за 14-годишната Вања, да пријави на 112.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе има одговорност за училишната приредба во Челопек со воени униформи на УЧК и пластични пушки – просветните инспектори утврдија неправилности

Дејан Дејан

Почна со редење на куќарки и на украси на Плоштадот- град Скопје се подготвува за Нова Година

Дејан Дејан

Однесувањето на трето одделенец затвори две училишта – по „11 Октомври“ и „Лазо Ангеловски“ во бојкот на наставата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе