Вести Емисии Код Македонија

КОД: Кичево-Охрид, патот кој стана легенда

Патот Кичево-Охрид не може да биде завршен во крајниот рок до Нова Година, потврди за КОД и директорот на Јавното Претпријатие за Државни патишта Ејуп Рустеми кој во интервју во емисијата тврди дека проблемите се направени уште со првото проектирање на патот.

Рустеми во КОД ги претстави и снимките од 11-те свлечишта кои се појавиле на трасата на локации и на кои претходно имало свлечишта. Иако обвинува за лош првичен проект и за спора работа, не сакаше да потенцира кој трба да понесе правна и финансиска одговорност.

Целото интервју во емисијата КОД по вечерните вести на Телма, а во него Рустеми потврдува дека не е завршена ниту експропријацијата на земјиштето за целиот проект иако тврди дека градежните работи може да се изведуваат и без тоа на најголемиот дел од трасата (во продожение линк од емисијата).

Во КОД и колку пари се потрошени досега и зошто патот Кичево-Охрид ги пробива сите рокови за завршување.

Репортажа за актуелната состојба на градилиштето на патот.

КОД е во редовниот термин во 19:15 на Телма во Недела (12.11.2023.)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе