Вести Најважни Свет

По војната Израел ќе ја презеде одговорноста за безбедноста во Газа, порача Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека по завршувањето на војната против Хамас, Израел ќе ја презеде одговорноста за безбедносната ситуација во Појасот Газа на неопределено време. Нетанјаху не појасни што мисли со тоа, но се претпоставува дека тоа ќе значи окупација на Газа, каде Израелците ќе ги превземат безбедносните одговорности додека на Палестинците ќе им се остави водењето на локалната самоуправа. Но, по се што се случи изминатиов месец од почетокот на војната и жестокоста на израелскиот одговор по грозоморниот напад на Хамас на 7 октомври, тешко дека некои од Палестинците ќе се согласат да соработуваат со Израел.

  • Ние сме мирни луѓе, немаме ништо со т.н Израел, непријателите на човештвото. Со Божја војла, Палестинците ќе ги смират и ќе им покажат што ќе им се случи на тие кои се вистинските човечки животни, и тие што се непријатели на човештвото.“, вели Ахмад ал Наџар – Генерален директор во Министерството за образование во Газа

Борбите продолжуваат околу градот Газа, а израелската армија соопшти дека ги истиснала борците на Хамас од едно од нивните упоришта во близина на градот.

  • Во Газа, војниците на терен напредуваат според оперативниот план, продолжувајќи да го зголемуваат притисокот длабоко во градот газа. Нашите војници изминативе неколку часови, кај 51 баталјон и во други области, ликвидираат повеќе терористи за време на нивното напредување и зголемување на притисокот врз градот Газа.“, изјави Адмирал Даниел Хагари – Портпарол на Израелските одбранбени сили

И додека борбите на северот од Појасот Газа продолжуваат, на југот хуманитарната ситуација не се подобрува, и покрај тоа што Израел тврди дека бил зголемен протокот на хуманитарна помош преку преминот Рафа на границата со Египет. Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, од седиштето на светската организација порача дека кошмарот кој се одвива во Газа е повеќе од само хуманитарна катастрофа, откако синоќа Хамас соопшти дека бројот на загинати цивили надмина 10.000.

  • Катастрофата која се одвива ја прави поитна потребата од хуманитарна помош со секој изминат час. Страните во конфликтот, и секако меѓународната заедница со итна и фундаментална одговороност, да го заправ ова нечовечко колективно страдање и драматично да ја зголемат хуманитарната помош.“, соопшти Антонио Гутереш – Генерален секретар на ООН

Доцна синоќа Советот за безбедност на Обединетите нации не успеа да постигне согласност за усвојување резолуција за војната меѓу Хамас и Израел, иако САД и повеќето земји членки повикуваа на прогласување хуманитарен прекин на огнот.

  • Ова е криза на човештвото, за помалку од еден месец повеќе од 10.000 Палестинци беа убиени во Појасот Газа. Додека ние зборуваме Палестинците цивили продолжуваат да бидат убивани. Врз децата паѓа најголемито товар. Како што веќе изјавија повеќе претставици на ООН денеска, Газа станува гробишта за деца.“,изјави Жанг Џум – Амбасадор на Кина во ООН

Денеска се навршува еден месец откако Хамас навлезе во јужните територии на Израел масакрирајќи 1.400 лица, најголемиот дел од нив цивили и деца во своите домови. Стотици млади луѓе беа убиени само на музичкиот фестивал во пустината Негев, каде крвавиот пир на борците на Хамас траеше со часови. Покрај тоа, помеѓу 250 и 300 лица беа земени како заложници од Израел и одвлечени во Газа, и токму нивната судбина и двете страни ја поставуваат како услов за евентуален привремен прекин на огнот.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе