Вести Најважни Свет

Кога ќе заврши војната Израел ќе има безбедносна одговорност врз Газа – Нетанјаху во интервју за ABC news

Откако ќе заврши војната Израел може да „управува“ со Газа на неопределен период, вели премиерот Бенјамин Нетанјаху во интервју за американската телевизија Еј-би-си њуз. Во ексклузивното интервју вели дека ќе има само тактички паузи во офанзивата но целосен прекин на огнот не доаѓа предвид се додека Хамас не ги ослободи заложниците.

Израел денеска одбележува еден месец од бруталниот напад на Хамас, во кој се убиени околу 1.400 луѓе, на што возврати со жестоки бомбардирања на Газа, во кои досега загинаа над 10.000 Палестинци, од кои речиси половината 4.000 се деца.

Војната брзо стана најсмртоносниот израелско-палестински конфликт  од формирањето на Израел пред 75 години, без крај на повидок, бидејќи Израел вети дека ќе го отстрани Хамас од власт и ќе ги уништи неговите воени способности.

Според аналитичарите, Израел, исто така, сака „да го спречи Хамас да ја игра својата водечка политичка улога во Газа понатаму“.

Жртвите во оваа војна најверојатно нагло ќе се зголемат бидејќи конфликтот преминува во затворени улични борби. Војниците се очекува да влезат во градот Газа наскоро, објавија израелските медиуми, а палестинските милитанти кои имаа години да се подготвуваат, најверојатно ќе се борат улица по улица, ставајќи ги во заседи од огромната мрежа тунели.

„Има само два начина Хамас да успее според нивните услови во оваа војна. Првиот е војната да се прошири и да се развие на северен фронт, да се развие на источен фронт, Хезболах да влезе во игра, и сите останати ирански посредници да се целосно во војната“, вели Вил Векслер, виш директор на Атлантскиот совет, програми за Блискиот Исток.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот

Дејан Дејан

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со користење американско оружје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе