Вести Македонија Најважни

Фирмата која произведувала опасно течно гориво кое како мазут гори и загадува- успешно избегнува затворање преку правни лавиринти

Институциите и по 4 години не успеваат да го решат случајот со штипската фирма САНС АГ која со горење на гуми произведувала и продавала канцерогено масло како мазут. Еколошката иницијатива О2 побара општина Штип веднаш да и ја одземе дозволата за работа на САНС- АГ, додека инспекторатот се правда дека постапката е спора затоа што сопственикот на САНС АГ ги користи правни лавиринти да ја одолговлече постапката.

02 ја прозва општина Штип затоа што со години не му ја одзема Б-интегрираната дозвола на САНС-АГ, фирмата која произведувала и продавала опасно течно масло со горење на гуми, кое како канцерогено го пријави и Министерството за одбрана по случај кога војници на АРМ на Криволак беа затруени. При тој случај пред 4 години, погонот престана да прави такво масло, но го продаваше веќе произведеното гое се гореше и загадуваше.

  • Ова е фирмата која без лиценца за производство на мазут, го продавала опасното тешко масло за ложење на РКМ на Ратко Капушевски, а за кое Царинската управа утврди дека е опасно и канцерогено за луѓето и околината. РКМ потоа со фиктивни фактури го продавал како мазут на Фени и други компании во земјава. Ова е истата фирма која испушташе огромни количини на канцерогени и токсични диоксини и фурани во воздухот при горење на гумите за да го добие опасното канцерогено тешко масло, продавано како мазут – 02 Иницијатива.

Од општината тврдат дека од 2019-та редовно вршат контроли врз погонот кој не работи оттогаш, а за продажбата на опасното масло велат надлежни се пазарната инспекција и финансиската полиција.

Во покренатите постапки за одземање на дозволата на САНС АГ, фирмата успешно пливала низ судските и административните процедури- беше објаснувањето на првиот штипски инспектор.

Фирмата чиј сопственик е вработен во центар за јавно здравје сега е дел од истрага на финансиската полиција поради тоа што фактурите за продажба на мазутот биле фалсификувани.

Телма подолго време известува за случајот со опасниот погрешно деклариран мазут. Инситуциите преземаат мерки ама немаат резултати и се правдаат со лоши законски решенија. САНС АГ има важечка дозвола од општина Штип и можно е таа побрзо да истече догодина во ноември отколку по 4 години работа, институциите да го решат случајот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе