Вести Македонија Најважни

Судска медицина ќе ги утврдува причините за смртта на двегодишното дете во Охрид

Две годишно дете  почина утрово во Болницата во Охрид. Засега не се познати причините за смртта, а во соопштението од Охридската полиција кусо се наведува дека денеска нешто пред 8 часот во СВР  Охрид е пријавено дека во тешка здравствена состојба како резултата на претходни заболувања, e  донесено дете, кај кое по обидите за реанимација констатирана e смрт без траги на насилство.

Иако првично од полицијата  информираа  дека станува збор за едногодишно бебе, во кусиот и оскуден одговор од Министерството за здравство, се посочува дека се работи за   дете на една година и 11 месеци, кое кај нив е донесено без знаци на живот.

Но, нема одговор од што починало, ниту информација за историјата на болеста и   дали и претходно било лекувано во Охридската болница. Kонтрадикторна е и информацијата дали  врз телото ќе биде извршена обдукција за да се утврди од што починало.

Полицијата соопшти дека за  случајот е  информиран и Јавен обвинител, по чија наредба  телото на 2 годишното дете  е предадено на семејството,а од  болницата наведуваат  дека причините за смртта ги утврдува Судска медицина.

  • „Денеска во 7 часот и 12 минути на одделот за Анестезија реанимација и интензивно лекување  при  Општа болница Охрид  од страна на службата за Итна медицинска помош донесено е дете од година и единаесет месеци без знаци на живот.  Од страна на анестезиолошки тим веднаш е пристапено кон реанимација но, истата е без успех .  Причини за смрт во домен на Судска медицина“, се наведува во соопштението од МЗ.

Инаку Детското одделение   во болницата во Охрид, поради недостиг на педијатри работи само како дневна амбуланта, а децата во ноќните часови, во викендите и празниците на прегледи и за хоспитализации се упатуваат во болницата во Струга.

Охрид  остана без болничко лекување за најмладите пациенти пред две години. Од тогаш во повеќе наврати од Министерството за здравство  најавуваа  решение на проблемот,  но во  Детското одделение во охридската болница  и натаму се вршат само  амбулантски прегледи.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе