Вести Македонија Најважни

Почина едногодишно бебе во Охридската болница

Едногодишно бебе почина утрово во Болницата во Охрид. Засега не се познати причините за смртта, а во соопштението од Охридската полиција кусо се наведува дека денеска нешто пред 8 часот во СВР Охрид е пријавено дека во тешка здравствена состојба, како резултат на претходни заболувања, било донесено едногодишно бебе, кај кое по обидите за реанимација била констатирана смрт без траги на насилство.

За случајот е информиран и Јавен обвинител, по чија наредба телото на бебето е предадено на семејството.

Телма  упати прашања до Министерството за здравство и до директорот на Општата болница во Охрид, Асен Шајн, но засега нема одговор која е причината за смртта на едногодишното дете, како и дали и претходно било лекувано во Охридската болница.

Инаку Детското одделение во болницата во Охрид, поради недостиг на педијатри работи само како дневна амбуланта, а децата во ноќните часови, во викендите и празниците на прегледи и за хоспитализации се упатуваат во болницата во Струга.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе