Вести Најважни Свет

Палестинските власти: Газа претворена во долина на крвта

Палестинскиот премиер Мохамад Штаје изјави дека Газа е претворена во долина на крвта. На владиниот состанок одржан утринава биле донесени заклучоци кои ги пренесуваат светските медиуми.

  • Сцените во Газа се надвор од човечката издржливост. Децата ги убиваат бомбите, гладот и стравот, се ранети без пристап до медицинска нега, а амбулантите се бомбардираат во живо.
    Газа има потреба од струја и вода. Газа е под урнатините и треба агресијата да престане за да бара преживеани под урнатините. Од луѓето со совест и застапниците на човечките вредности се бара брзо да се придвижат за да се запре агресијата што ја претвори Газа во долина на крв, изјавил палестинскиот премиер.

Во меѓувреме, од најголемата болница во Газа, Ал Шифа, потврдено е дека болницата има гориво уште за неколку часа, по што ќе престане да работи се што е на струја. Неизвесна останува судбината на стотици болни на кои им треба кислород, исто како и бебињата кои се во инкубатори. Во болницата се кријат 40.000 цивили.

Израелскиот премиер Нетанјаху и неговиот кабинет одлучија да не дозволат гориво во Газа. Тие, исто така, не дадоа никакви предуслови за тоа како горивото може да влезе во Газа.

Ова ги остави болниците без можности да продолжат со работа.

Израелските власти утринава во 8 часот отворија коридор од севернот кон јужниот дел на Газа за да можат цивилите да избегаат.

Во ретко соопштение, 18 агенции на Обединетите нации и хуманитарни организации побараа да престане бомбардирањето. „Се бара итен хуманитарен прекин на огнот“, се вели во соопштението.

Од УНИЦЕФ укажуваат дека повеќе од 4.000 деца од Газа загинаа во бомбардирањето. Тоа е речиси половина од вкупниот број загинати кој се искачи на 10.000. Од 2.600-тини исчезнати Палестинци под урнатините, околу 1270 се деца, соопштија од палестинското министерство за здравство.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Дејан Дејан

Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, тројца загинати

Дејан Дејан

Севернокорејска хакерска група украла лични податоци од судот во Сеул

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе