Вести Македонија Најважни

Албанскиот опозициски блок со „Европски сојуз за промена“ против ДУИ

Со транспарент „Промената доаѓа“ и со поддршка на нивното членство, лидерите на опозициските партии од албанскиот блок Демократско движење, БЕСА и Алтернатива на плоштадот Скендербег во Скопје ја најавија нивната коалиција. Обединети под името „Европски сојуз за промена“ приоритет ќе им бидат евроинтеграциите и борбата против корупцијата, а притоа ја искористија можноста да упатат пораки и кон нивниот најголем ривал ДУИ.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши рече дека не планираат да прават компромиси со интеграцијата на земјата во ЕУ, а разликата со другите им е дека не се залагаат за застарување на кривични дела и амнестија. Притоа тие се за внесување на Бугарите во Уставот, но укинување на 20 отсто како дефиниција за албанскиот јазик.

„Крајно време е навредливите уставни формулации за албанскиот јазик да станат минато. Навистина е важно да се исполни преземената обврска за внесување на Бугарите во Уставот, но подеднакво важна е и гордоста на Албанците“, рече Гаши.

Желбата за промени на албанскиот народ ги натерала да ги стават разликите настрана, а ДУИ, како што рече лидерот на БЕСА, Биљал Касами ќе бара сламка за спас и ќе се обиде да направи раздор меѓу нив.

„На Али Ахмети и на сите негови слуги сакаме да им порачаме следното…Подготвени сме. Прочитани сте. Тргаме во битка за искоренување на злото кое го произведувате за албанскиот народ“,  посочи Касами.  

Целта е да се стави крај на лошото владеење и да се донесат промени, бидејќи ДУИ, како што рече лидерот на Демократско движење, Изет Меџити е со изминат рок и во неа се инсталирани грст криминални пратеници, кои работат за лични интереси.

„Ние „Европскиот сојуз за промени“ ќе ја донесеме долгоочекуваната промена на албанската политичка сцена во земјата, а за ова нашата врата е широко отворена и ни треба секој чесен и праведен човек за ослободување на земјата од канџите за оние кои повеќе се грижат за својот џеб, отколку за иднината на албанскиот народ“,  порача Меџити.

Водно тие најавија дека заеднички ќе настапат на претстојните избори.

„Ќе имаме заеднички листи и ќе имаме наш кандидат“, додаде Меџити.

Тие порачаа и дека работат на заедничка програма и очекуваат да излезат како победници кај албанските гласачи.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парното повторно поскапува, овој пат до 6 отсто – ќе се намалат ли проблемите оваа зима

Дејан Дејан

Стоилковиќ: Вандализам врз српско културно друштво во Куманово

Sasko Dimovski

Гостиварци може да се бањаат, не може да ја пијат водата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе