Вести Македонија Најважни

Пропадна обидот за амнестија- Лога вели ова е е одмазда што не дал поддршка за измените на Кривичниот законик

Пропадна обидот за амнестија. Мнозинството пратеници, вклучувајќи ги и СДСМ, контра предлогот на Владата. Министерот Кренар Лога тврди дека коалицијата не е доведена во прашање но се сомнева дека ова е одмазда што не дал поддршка за измените на Кривичниот законик. И премиерот Ковачевски не гледа причина за криза во Владата. Лога најавува дека пратениците ќе имаат уште една шанса да го читаат Законот за амнестија – овој пат по редовна постапка.

Албумот со фотографии и написи за тешките услови во затворот „Идризово“ не ги убедија пратениците дека треба да гласаат за законот за амнестија. Само 15 пратеници поддржаа ваква точка на дневниот ред. Со 66 гласа против и тројца воздржани, меѓу кои и коалициските пратеници од СДСМ, Собранието ја отфрли потребата од ваков закон. Министерот Кренар Лога смета дека ова е одмазда поради неподдржувањето на Кривичниот законик.

И покрај разногласието во коалицијата, Лога тврди дека Владата не е во криза, а тој има намера за неколку дена повторно да го поднесе до пратениците истиот текст.

И премиерот Ковачевски не верува дека Амнестијата може да ја дестабилизира Владата. Уверува дека сите процедури во Собранието се запазени: министерот има право да образложи, а пратениците имаат право да гласаат по свое уверување.

Иако Владата му даде поддршка на предлогот на Правда, Ковачевски објаснува дека имало и разногласие. Поголемиот број претходно амнестирани станале повратници, а недоволно се користат други мерки како условен отпуст или пробација. Лога излезе со податоци дека над 2 илјади 800 осуденици чекаат на отслужување казна во затвори во кои веќе има над 2 илјади затвореници. Смета дека се работи за амнестија слична на претходните. Но, ВМРО ДПМНЕ веднаш најави илјадници амандмани за да го блокира законот, а СДСМ побара изземање на осудените во случајот „Монструм“.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор

Дејан Дејан

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе