Вести Најважни Свет

Комуникациските врски повторно прекинати во Газа – американските командоси помагаат да се најдат израелските заложници

Телефонските и интернет услугите во Газа се „целосно прекинати“, соопшти палестинскиот провајдер Палтел. Ова е втор „целосен комуникациски мрак“ за една недела.
Израел вели дека 11 војници биле убиени во копнените борби во Газа синоќа, со што вкупно загинатите од 7 октомври се зголеми на 326.
Израелската армија продолжува да ја бомбардира Газа, додавајќи дека повеќе од 11.000 цели биле погодени од почетокот на војната. Утринава соопштија дека ја „засилуваат“ областа околу Црвеното Море со ракетни чамци, откако јеменските Хути поддржани од Иран ја презедоа одговорноста за серијата напади врз јужен Израел вчера.

Вашингтон потврди дека на терен се и американските командоси кои помагаат да се пронајдат 200-те израелски заложници кои се во рацете на Хамас. Главната задача на американските специјални сили е да му помогнат на Израел „да ги идентификува заложниците, вклучително и оние кои се државјани на САД“, соопштија од Вашингтон.

Во меѓувреме, со посредство на Катар и САД, Египет и Хамас се согласија да им се дозволи на странските државјани и на некои сериозно повредени цивили во Појасот Газа да ја напуштат областа. Сепак, странските медиуми јавуваат дека нема временска рамка до кога ќе биде отворен преминот Рафа, на границата со Египет.

Палестинската милитантна група Хамас претходно утринава објави список на луѓе на кои им е дозволено да го напуштат Појасот Газа преку преминот Рафах.

Списокот што го објави Палестинската гранична управа на Фејсбук, вклучува државјани на Австралија, Австрија, Бугарија, Индонезија, Јордан, Финска, Чешка и Јапонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе