Емисии Топ тема

Топ тема со Јасмина Величкова и Трпе Деаноски – 20.10.2023

Радикализација на штрајкот во правосудството на стенд бај. Синдикатите и Владата се договориле наредната недела да седнат и да ги соочат аргументите.

Велат, и` даваат последна шанса да ги слушне и прифати барањата за повисоки плати. Ова за Топ Тема го изјавија синдикалните претставници, кои го предводат штрајкот на обвинителството и протестот на судската администрација.

На правосудството му се заканува блокада од штрајкови и протести на обвинителската и судската администрација.
Ќе има ли застој на истрагите и судењата? – Синдикатот најавува радикализција на штрајкот на обвинителската служба ако итно не почнат преговори со Владата за повисока плата за 78 отсто и враќање на додатоците.
И судската администрација протестира со месеци, со исти барања. Кои се другите проблеми со кои се соочуваат?
Вечерва во Топ Тема гостуваа Јасмина Величкова, претседателка на Независниот синдикат на судската администрација и Трпе Деаноски, претседател на Cиндиктот на УПОЗ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ тема: Дали сме подобро подготвени или повторно ќе броиме колку хектари шума изгоре?

Sasko Dimovski

Топ тема: Каде се губи граѓанинот и јавниот интерес во вртлогот на божем реформи во судството, администрацијата и државните органи?

Sasko Dimovski

КОД: Дива сеча на шума во Јасен кај езерото Козјак

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе