Вести Најважни Свет

Повеќе од 1.100 загинати во борбите меѓу Хамас и израелската армија во Газа и Израел

Повеќе од 500 цели на Хамас и Исламски Џихад биле бомбардирани од страна на Израелското воздухопловство само во текот на минатата ноќ. Палестинските власти соопштуваат дека во израелските воздушни напади во Газа до сега загинале 500 цивили а над 2.000 се ранети.

Има значителна пренатрупаност во сите болници во Појасот Газа поради големиот број на жртви кои доаѓаат од сите места бомбардирани во Газа, дополнително на сѐ поголемиот број на загинати во болниците. Веќе имаме пренатрупаност и во мртовечниците, изјави портпаролот на палестинското министерство за здравство, Ашраф ал Кедра.

По 48 часа израелската армија ги ликвидираше сите инфилтрирани борци на Хамас, и Израел повторно има комплетна контрола над својата територија. Дополнително армијата тврди дека ги забарикадирале сите точки на кои борците на Хамас во саботата утрото пробија во Израел, но сѐ уште не може да гарантира дека нови милитантни не влегуваат на израелска територија преку други места долж границата на појасот. Во текот на дводневните борби специјалните единици извршиле повеќе операции за спасување на заложници кои борците на Хамас ги држае на повеќе места во Израел.

Трпеливо чекав да дојдат да ме спасат. Иако не бев сигурна дека специјалците ќе дојдат по мене, бев трпелива, почнав да зборувам со нив, им донесов храна. Постојано им барав да ме пуштат во тоалет, за да можат полицајците да видат дека сум жива, да дојдат и да ме спасат, Вели Рашел, која со часови заедно со сопругот била држена како заложник во сопствената куќа во градот Офаким.

Според нивните проценки околу 1.000 борци на Хамас успеале да го пробијат одбранбениот периметар околу Газа, а најголем дел од нив се веќе ликвидирани. Покрај тоа, армијата соопшти дека веќе мобилизирала 100.000 резервисти по владиното зелено светло за превземање значителни воени чекори како одоговор на ненајдениот напад на Хамас.

Нашата задача е да се осигуриме дека после завршувањето на оваа војна, Хамас повеќе нема да има воени способности со кои ќе им се заканува на израелските цивили. Дополнително на тоа, треба да се осигуриме дека Хамас повеќе нема да биде во можност да управува со Појасот Газа. Затоа што гледате дека денеска ситуацијата е фундаментално различна во споредба со пред две дена, и по крајот на оваа војна ние ќе ја промениме кон подобро ситуацијата околу нашата граница со Газа, и ќе биде многу подобро за израелските цивили, а ќе биде подобро и за Палестинците исто така, порача портпаролот на израелската армија Џонатан Конрикус.

Бројот на жртви во Израел постојано се искачува и веќе достигна 700, но израелските власти очекуваат тој да продолжи да расте. 260 тела се досега пронајдени на местото каде што се одржуваше музичкиот фестивал во пустината Негев, во близина на границата со Појасот Газа. Дополнително, засега е потврдено дека најмалку 100 лица биле киднапирани од израелските градови во близина на границата со Газа, а се претпоставува дека најголемиот дел од нив се одведени токму во појасот. Исто така е потврдено дека меѓу киднапираните, како и меѓу загинатите, има и странски државјани.

Во поддршка на Израел, САД го испратија најмодерниот носач на авиони У.С.С Џералд Форд во источниот Медитеран, пратен од еден крузер и 4 разурнувачи со наредба да бидат подготвени и да одговорат на секое можно сценарио, од спречување на достава на оружје на Хамас во Појасот Газа, до спречување на проширување на конфликтот со соседните држави.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе