Вести Македонија Топ вести

Османи: Доколку се докаже дека има државно вмешување во случувањата на северно Косово, Македонија треба да го преиспита своето учество во Отворен Балкан

Србија треба да направи напор и да докаже дека не е вмешана во случувањата на северно Косово, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во вечерашната Топ Тема на Телма

Таа беше добронамерна идеја, меѓутоа мислам дека после случувањата во Косово на 24 септември, навистина треба Србија да направи напори и да докаже дека не се вмешани во тој настан. Бидејќи доколку има било какво државно вмешување навистина го прави невозможно нашето учество и на другите земји во регонот, бидејќи идејата на Отворен Балкан беше помирување. Ова што се случи во северно Косово со нападот, се надевам дека ќе се докаже дека нема државно вклучување, но ако се докаже навистина мислам дека треба да го преиспитаме нашето учество, рече Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе