Останато Спорт

Мартин најбрз во квалификациите и спринтот во Сан Марино

Двојна победа на Хорхе Мартин денеска во Мизано, откако ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Сан Марино, а потоа и славеше на спринт трката.

Мартин во квалификациите имаше најбрз круг со време од 1 минута, 30 секунди и 787 илјадитинки со што постави и нов рекорд на патеката „Марко Симончели“. Зад него ќе тргне Марко Бецеки, а првиот стартен ред со мотоцикли на Дукати го комплетира актуелниот светски шампион Франческо Бањаја, кој денеска имаше одличен настап и покрај тешкиот пад во Барселона минатиот викенд.
На спринт трката подиумот беше идентичен како и во квалификациите. Славеше Мартин пред Бецеки и Бањаја, кој во финишот мораше да се брани од Дани Педроса од КТМ. На петтото место финишираше Бред Биндер, а потоа следуваат Маверик Вињалес, Лука Марини и Алеиш Еспаргаро.
Во генералниот поред, Бањаја останува лидер со 267 бодови, Мартин е втор со 222, додека Бецеки е трет со 198 бодови.

Утре трката за големата награда на Сан Марино стартува во 14 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе