Вести Македонија

Опозицијата бара денеска да се гласа за уставните измени, власта ќе чека мнозинство

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од собранискиот спикер, денеска да се стави на гласање потребата од уставни измени затоа што изминаа десетте работни дена откако беше отворена постапката и завршена расправата. По координацијата со партискиот претседател, Мицкоски на Фејсбук го повтори веќе познатиот став дека уставни измени под бугарски диктат нема да има.

Бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставни измени.Ќе се почитува волјата на граѓаните и нивниот интерес да не се потклекне на барањата за правење на компромиси на штета на државните интереси, напиша Мицкоски.

И поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска преку писмо му порача на Џафери дека, гласањето мора да се случи најдоцна денеска, во спротивно, целата одговорност си ја префрла врз себе, прави лоша практика, се става над сите пратеници и го урива политичкиот систем.

Но, собранискиот спикер нема намера да го послуша. Од неговиот кабинет кусо одговорија дека Џафери веќе го кажал својот став за ова прашање. На последната прес конференција, тој рече дека ќе ја свика седницата кога ќе се обезбеди двотретинско мнозинство.Со истиот став е и премиерот.

И претседателот Пендаровски денеска изјави дека размислувањето на опозицијата не е стратешко, туку теснопартиско и дека не гледа како уставните измени би ја загрозиле државата.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе