Вести Македонија Најважни

Претседателот Пендаровски со остра реакција за знамето на “Голема Албанија” во Тетово при посетата на Курти

 

Претседателот Стево Пендаровски со осуда по собирот во Тетово во чест на косовскиот премиер Албин Курти, каде што беше истакнато знаме на Голема Албанија. Пендаровски вели дека со „националистичката иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост“ и тоа во деновите кога се одбележува годишнината на Рамковниот договор.

 

„Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор како и концептот на Македонија како мултиетничка држава.  

 

Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата. Во таа насока ги повикувам надлежните органи во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки“, вели во реакцијата претседателот на државата.

 

Тој, исто така, го осуди и начинот на преименувањето на улица во Чаир, Скопје, според името на познатиот косовски политичар Адем Демачи кој беше голем противник и борец против режимот на Милошевиќ.

„Начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во општината Чаир е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата. Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина“, реагира Пендаровски.

Посетата на косовскиот премиер Албин Курти на општините Тетово и Чаир, предизвикаа бура од реакции поради веењето на знамето со мапа на Голема Албанија на која се опфатени и територии на Македонија, Грција, Црна Гора, Србија и Косово.

Курти во таканаречена приватна посета се сретна со дел од лидерите на опозициските партии на Албанците, но со ниту еден државен претставник. По повод посетата, беа организирани неколку граѓански собири, како и концерт во Тетово, во организација на Општината.

По концертот, тетовскиот градоначалник Билал Касами на Фејсбук објави фотографии со развеано знаме со картата на т.н. Голема Албанија, а во општина Чаир улицата Втора македонска ударна бригада беше преименувана во Адем Демачи.

Кабинет на премиерот Ковачевски: За осуда е фактот што на настанот организиран на територија на Република Северна Македонија, не е интонирана македонската државна химна и не е истакнато македонското државно знаме

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе