Вести Свет

Владата на САД има НЛО и остатоци од „нечовечки“ пилоти“ – поранешен разузнувач на сослушување пред Конгресот

Тројца пензионирани припадници на американската војска денеска сведочеа пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за неидентификувани летечки објекти (НЛО) и постоење на вонземјани. Конгресот лани, по по повеќе од 50 години, започна јавни сослушувања во врска со НЛО.

„Ако НЛО се непознати дронови, тогаш тоа е итно прашање на националната безбедност. Ако се нешто друго, тоа е прашање на наука. Во секој случај, неидентификувани летечки објекти се проблем за безбедноста на авијацијата“, рече Рајан Грејвс, поранешен пилот во морнарицата, кој формира здружение чија цел е охрабрување на други пилоти да проговорат за нивните средби со НЛО.

Дејвид Граш, поранешен разузнувач на американското воено воздухопловство, на сослушувањето реле дека владата на САД ги заташкува истражувањата за НЛО и истакна оти сите податоци што ги имал, ги предал на генералниот инспектор.

„Технологијата со која се соочивме беше многу посупериорна од сè што ние имаме“, изјави Граш, говорејќи за неговата средба со НЛО во 2004 година.

Тој додаде дека американската влада поседува не само НЛО, туку и остатоци од „нечовечки“ пилоти на тие летала. Тврди дека ги знае „точните локации“ каде се наоѓа таа технологија и наведе дека тие локации ги „доставил на генералниот инспектор, а некои и на националните одбори“.

Сепак, објасни дека тие сознанија не се од прва рака, туку врз основа на информации што ги добил од други.

„Сам не сум ги видел“, нагласи тој.

Одделението во Пентагон задолжено за анализа на извештаите за неидентификувани неприродни појави, познати под кратенката НЛО, во април пред американскиот Конгрес рече дека неговата канцеларија прегледува повеќе од 650 инциденти, но и дека во ниту еден од нив не е видливо ништо што би можело да биде доказ за активности на вонземјани или нешто што би ги кршело законите на физиката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе