Вести Македонија

На Владимир Здравев му е определен притвор

Репортерот на ТВ Телма од пред Кривичниот суд Симона Петровска јавува дека околу 16:00 часот од зградата на судот со лисици на раце е изнесен Владимир Здравев кој е осомничен во истрагата ФЕНИКС за злоупотреби при проектот „Скопје 2014-та“. Здравев е поранешен претседавач на Советот на општина Центар.

Од судот за Телма потврдија дека на двајца осомничени (В.З. и Љ.Б.) од судија на претходна постапка им е определен притвор. За трет осомничен (Т.Д.) е определен куќен притвор. Најавени се дека уште тројца осомничени ќе бидат изведени пред судија за претходна постапка.

Вчера доцна попладне отпочна истрагата ФЕНИКС за злоупотреби и перење пари преку проектот „Скопје 2014-та“. Уапсен е и Владимир Тодоровиќ-Тинекс кој е поранешен градоначалник на Центар. Меѓу осомничените е Никола Груевски како и министрите од неговиот владин кабинет во периодот меѓу 2008-ма и 2015-та, Зоран Ставревски и Елизабета Канческа Милеска.

Истрага ФЕНИКС за Скопје 2014-та- Што соопшти Обвинителството, осомничени и Груевски и Ставревски и Канческа-Милеска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото на Меланија е хоспитализиран во Демир Хисар, се чека судско решение за понатамошниот третман

Igor Trajkov

Дизелот поскапува за 5,5 денари, се зголемува цената и на бензините

Дејан Дејан

Лани државата собрала скоро 80 милиони евра повеќе од данок на личен доход споредено со 2024 година

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе