Вести Македонија

ИНФОМАПА: Каде реките се пред излевање, а мостовите во опасност да паднат

(за фотографиите се користени мапи од GoogleMaps)

Обилните дождови ги наполнија реките во североисточна Македонија, но водената буица која почна од Крива Река преку речните корита се спушта кон југ.

Водениот бран се пренесе на реката Пчиња, а на фотографијата е мостот во истоименото село Пчиња во општина Куманово. Тој е во опасност од паѓање и е главна врска на жителите со Куманово.

Водената маса не застана тука и Пчиња ја пренесе во Вардар во кој се влева кај Катланово.

Меѓу првите на удар беше Велес и селото Уларци во Градско.

Мостот кој го поврзува Уларци со Градско и жителите го користат секојдневно исто така е во опасност од уривање од надојдените води.

-Опасно е да се движи покрај Вардар во овие моменти, изјави за Телма градоначалникот на Градско, Кире Нацков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе