Вести Македонија Најважни

Биљана Ангелова од Економскиот институт избрана е за нов ректор на УКИМ

Гласачката кутија на среде, а зад параванот одговорот – кој е новиот ректор?! Професори, доценти, студенти, по три години повторно имаат главен збор околу тоа кој да биде ректор на УКИМ.

За нов ректор е избрана проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт. Од Универзитетската изборна комисија попладнево ја потврдија веста за Телма.

Ангелова убедливо ја освоила довербата пред останатите кандидати и сега ќе биде втора жена-ректор во историјата на универзитетот, по д-р Радмила Кипријанова пред речиси три децении.

Противници на Ангелова и беа доктори на науки од различни научни подрачја, професорите Кочов, Дуев, Ајдински, Спасевска и Ташковски.

Гласањето започна точно напладне, а кутиите затворени во 14 часот.

На гласачките места по факултетите уште од почеток беше доста раздвижено. Право на глас имаа 1419 избирачи – редовни и вонредни професори, доценти и студенти.

Методологијата за тоа како се пресметува победникот на изборите, ја појаснија од Универзитетската изборна комисија.

„Се зема бројот на важечките ливчиња и се зема бројот најпрво колку има самиот кандидат. На пример, ако еден кандидат има 80 гласа, а изборната единица има 80 членови во избирачкиот список, во тој случај ќе имаме 80 поделено со 80, помножено по 2 и помножено по 100. Ако сите гласаат за еден кандидат, вкупниот број на поени од една единица е 200 поени.“ – вели проф д-р Родна Живковска, претседател на универзитетската изборна комисија

И студентите се дел од процесот и имаат свои пораки до идниот избран ректор. Повеќе да мисли на студентите и подобро да го води УКИМ до скок на листите на светските универзитети.

Како најпрво, да се зголеми научно-истражувачката дејност затоа што преку таквите дејности на некој начин ќе се придонесе и за подобрување на статусот на УКИМ на светските ранг-листи. Од социјален аспект и од аспект на студентите ако е можно да се укине или намали школарината, затоа што знаете дека Македонија во најголем дел е социјална држава.“ –оцени Бојан Стојановски, студент во трета година на правни студии.

По објавување на резултатите, ќе биде доставен записник и одлука до кандидатите за ректор.

Од утре, па до 5 јуни е рокот за приговори, кои кандидатите може да ги испратат по електронски пат до Универзитетската изборна комисија и во архивата на УКИМ.

Одлуки по приговорите ќе има за една недела. Досегашниот ректор Јанкуловски ја извршуваше функцијата во два мандати и со тоа сега нема право да се кандидира.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе