Вести Македонија Топ вести

Дневната евтина тарифа се враќа, но исто така и ДДВ-то за струја на 18% – како ќе се одрази тоа на сметките за домаќинствата?!

ДДВ-то за струја од 10% ќе се врати на 18%, но граѓаните нема да плаќаат поскапи сметки. Трае потрагата по модел и мерки, со цел електричната енергија за домаќинствата да не биде поскапа од сегашната, уверуваат од Владата.

Надлежните се на потег – од Регулаторната комисија за енергетика најавуваат готови пресметки наскоро. Претседателот Бислимовски открива дека до нив веќе се пристигнати три барања за зголемување на цената на струјата.

Електродистрибуција бара покачување од 32,14%, а на листата се и ЕВН Хоум и МЕМО. МЕПСО сѐ уште нема побарано поскапување.

Првиот човек на Регулаторна вели дека зголемувањето на ДДВ-то нема да влијае на одлуките на Комисијата.

„Да ги почекаме конечните бројки кога ќе ги добиеме, но да потенцирам дека јас сум противник на било какво покачување на цената на електричната енергија во овие услови кога имаме голем број на новоизградени фотоволтаични електрани. Според мене тие електрани треба да помогнат за намалување на увозната зависност на државата. Тоа веќе се случува за првите четири месеци, за кога вкупниот увоз на електрична енергија е околу 12,4% што е незапамтено за последните 20 години од кога увезуваме електрична енергија“ изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Разликата од 8% со зголемувањето на ДДВ-то од 10 на 18% ќе се покрие со други механизми. Ова го тврди министерот за економија, Бектеши.

Можните решенија за тоа се преку нов модел на пресметување на цената на електричната енергија. Но, Владата за ова прашање ќе одлучува наредниот месец.

„Јас уште од денес можам да им кажам на граѓаните дека тие нема да плаќаат поскапа струја. Каков ќе биде моделот – тоа сите заеднички ќе го дефинираме во склоп на Енергетскиот совет. А, граѓаните во наредните шест месеци значи од 1 јули до крајот на годината, никако дека нема да плаќаат повисока цена за струјата од онаа којашто е веќе постоечка“ вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

Од Регулаторната комисија за енергетика соопштија и дека повторно ќе се воведе дневна евтина тарифа на струјата.

За две недели ќе се знае од кога ќе важи дневната евтина тарифа 

Во периодот помеѓу 11 и 16 часот ќе важи истата, но анализите допрва ќе покажат во кои два часа – зависно од цените на берзите и кога тие се најниски. Точниот датум од кога ќе почне да се применува ќе се објави за 10 до 15 дена. Сега се во тек разговорите и се чека одговор од ЕВН – за колку време ќе може да се прилагоди системот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран

Дејан Дејан

Берлин: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност

Дејан Дејан

Косовската полиција ги заплени средствата и ги затвори филијалите на српска Поштенска штедилница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе