Uncategorized Вести Магазин Најважни

(Видео) Тина Тарнер беше „Simply the best“ – шест децении кариера, 12 Греми награди и звезда на Булеварот на славни

Светот остана без уште една ѕвезда. По долго боледување, во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија, на 83 годишна возраст почина кралицата на рок енд рол музиката Тина Тарнер. Информацијата ја соопшти нејзиниот менаџерски тим.

Родена како Ана Меј Булок, во Тенеси, Тарнер последните години од својот живот ги мина на својот имот од 260.000 метри квадратни на езерото Цирих. Физички исцрпена, емотивно и финансиски уништена од нејзината 20 годишна врска со Ајк Тарнер во своите 40-ти се издигна и стана суперѕвезда и остана на врвот години потоа.

„Навистина треба да се вратам уште еднаш за луѓето и ако се вратам, морам да одам сега затоа што за две години од сега, влегувам во миите седумдесетти, не знам каква ќе биде мојата состојба. Сакав сè уште да можам да стојам таму и всушност да не го одземам кредибилитетот што го имам за настап, сакам секогаш да се сеќаваат дека стоев и дадов перформанс, а не да излезам со стап, на половина пат обидувајќи се да ја испеам „Горда Мери“, така што тоа беше одлуката“, изјави во една прилика Тина Тарнар. 

Тарнер беше меѓу првите познати личности кои искрено зборуваа за семејната злоупотреба, станувајќи хероина за малтретираните жени и симбол на издржливост за сите. Ајк Тарнер не негираше дека ја малтретирал, иако се обидел да ја обвини Тина за нивните неволји. Кога почина, во 2007 година, претставник на неговата поранешна сопруга едноставно рече: „Тина е свесна дека Ајк почина“.

Нејзиниот живот беше инспирација за филм, мјузикл на Бродвеј и документарен филм во 2021 година кој таа го нарече јавно збогување. Наречена „кралица на рок енд ролот“, Тина Тарнер се прослави со своите жестоки и интензивни настапи во живо, нејзиниот режечки вокал, храбрата насмевка и мускулестите, брзи нозе кои не се срамеше да ги покаже.

„Како е чувството кога имам 60 години? – Дали се однесувам како 60-годишна жена? – Не треба повеќе да се однесуваме така затоа што се чувствуваме поинаку. Подобри сме. Изгледаме и подобри сме. И мислам дека нема потреба да живееме во минатото. Пред нас е сосема нова ера. И мислам дека ни е дадена таа можност да не се чувствуваме како 60, освен ако не сме добро на некој начин“, беше ставот на Тарнер. 

Малку од ова им беше очигледно на многубројните фанови на Ајк и Тина. Двајцата беа жежок чин на сцената во 60-тите и во 70-тите, еволуирајќи од блуз балади како што се „A Fool in Love“ и „It’s Going to Work Out Fine“ до блескавите наслови „Proud Mary“ и „Come Together“ и други рок песни кои им донесоа невиден успех.

Продаде повеќе од 150 милиони плочи ширум светот, освои 12 Греми, беше избрана заедно со Ајк во Куќата на славните на рокенролот во 1991 година и уште еднаш сама во 2021 година. Веста за смртта на Тина Тарнер го потресе светот. Ја објави и Белата куќа, а портпаролката Карин Жан-Пјер ја опиша веста како „неверојатно тажна“.

„Тоа е огромна загуба, огромна загуба за заедниците што ја сакаа и секако за музичката индустрија. И нејзината музика ќе живее и ќе продолжи да живее. Многу тажна вест. Нашите срца се со нејзиното семејство и нејзините пријатели, за неа за нивната загуба“, изјави Карин Жан Пјер портпаролка на Белата куќа. 

На социјалните мрежи многу познати личности се збогуваат со славната пејача која остави посебен белег на музичката сцена. Се огласи дури и американската вселенска агенција НАСА која и оддаде посебна почит и ја испрати Тина Тарнер меѓу ѕвездите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе