Вести Македонија

Мицкоски: Очекуваме чиста вода за пиење во Гостивар до крајот на следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски изрази оптимизам дека до крајот на оваа недела водоводниот систем во Гостивар ќе испорачува технички исправна вода, додека целосно безбедна вода за конзумирање се очекува кон крајот на следната седмица.

Доколку сè се одвива според предвидената динамика, до крајот на оваа недела ќе имаме технички исправна вода. Потоа ќе следува целосно плакнење на водоводниот систем, за да се обезбеди вода со соодветно ниво на хлор, најпрво за техничка употреба, а планот е кон крајот на следната недела да биде безбедна и за пиење, истакна Мицкоски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Водата во Крушево не е бактериолошка исправна – Центарот за јавно здравје Прилеп препорачува да не се користи за пиење

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе