Само една недела по почетокот на продажбата на вториот контингент на билети за натпреварувањата на претстојните Летни олимписки игри што следната година ќе се одржат во Париз владее огромен интерес.
Во оваа фаза ќе се продаваат вкупно 1,5 милиони билети, а на платформата примени се околу четири милиони луѓе.
Само во првите два дена продадени се две третини од билетите и најголем интерес има за влезниците кои чинат 24 евра.
Организаторот на Игрите соопшти дека во првата фаза продадени се 3,25 милиони билети, а купувачи има од 158 земји од кои две третини се купени од Французи.
Според најавите до овој момент продадени се скоро половина од билетите за 32 дисциплини меѓу кои се скејтборд, водени спортови, спортско качување, баскет 3 на 3, брзо одење, стрелаштво, мечување, модерен петобоеј, ритмичка гимнастик, триатлон и брејкденс.
