На вториот ден од Европското првенство во кајак и кану што се одржува во Скопје на програмата беа натпреварувањата во екипна конкуренција.
Во дисциплината кајак кај мажите првото место и припадна на Словенија која на крајот има за 7 секунди и 50 стотинки подобро постигнување од Франција додека со бронзата се закити Италија.
Во оваа конкуренција настапи и репрезентацијата на Македонија која на крајот стигна до десеттата позиција со една минута и пет секунди послаб резултат во однос на победникот.

Кај дамите златниот медал и припадна на Германија која триумфираше пред Франција и Италија.
Во кану најдобрите беа Французите пред Германија и Чешка.
Во конкуренција на ветерани најбрз беше Давид Пјасковски од Германија, кој славеше пред сонародникот Жил Каиле додека со бронзата се закити Чехот, Камил Мржек.
Утре на програмата се првите трки во спринт во сите конкуренции, а почетокот на натпреварувањето е закажано за девет часот.
ФОТО: Игор Паневски
