На денешното натпреварување настапија рекордни 280 натпреварувачи од осум земји од Европа, а беа поделени во шест категории.
Во сениорската трка во машка конкуренција славеше Борислав Палашев од Бугарија пред Албон Имери од Косово и македонскиот триатлонец, Иван Трпчевски.
Во категоријата мастерс мажи, најбрз е Виктор Апостолски од Македонија, втор е Бугаринот Цветко Гогов, а трет низ целта мина Мартин Гавриловиќ од Македонија.
Кај јуниорите во женска конкуренција триумф на Роза Шпорчиќ додека кај мажите најбрз беше Андро Сертиќ од Хрватска.
Во категоријата мастерс кај дамите првото место и припадна на Даниела Камбурова од Бугарија додека во сениорска конкуренција првото место и припадна на Даниела Атанасовска од Македонија.
ФОТО: Игор Паневски





























