Вести Македонија Најважни

Вдомила малолетничка од дисфункционално семејство и ја терала на проституција – и се заканувала дека ќе ја остави во Дом

14-годишно девојче две години било жртва на сексуална екплоатација, за што се осомничени 11 лица, против кои е поднесена кривична пријава за „трговија со дете“, а истражна постапка започна Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според наводите на Обвинителството, летото 2020 година првоосомничената, го прифатила детето, подоцна и нејзините десетгодишна сестра и седумгодишен брат за да се грижи за нив поради нарушените односи во нивното семејство, а набргу потоа искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето – жртва, заканувајќи се дека ќе ги остави во дом или ќе ги врати кај нивната мајка, започнала да го подведува на вршење полови дејствија со дел од осомничените и други лица за одреден паричен надомест.

 Подоцна, уште тројца од осомничените, по претходен договор со првоосомничената, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист, две години, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација со останатите осомничени и други НН лица меѓу кои имало и жена. Осомничените корисници на сексуалните услуги, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со дете, на подведувачите им исплаќале паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, велат од ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

За случајот вчера биле лишени од слобода 10-мина од осомничените.

  • Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Тетово на две локации извршени се  претреси во дом и други простории и лишени се од слобода осум лица, додека на подрачје на Гостивар лишени  од слобода  се две лица, а  едно лице се наоѓа надвор од Република Северна Македонија“.

Предметниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за сите осомничени.

За кривичното дело што им се става на товар се предвидува казна затвор во траење од најмалку 8 години, додека за делото сторено од првоосомничената најмалку 10 години. ​

 

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе