Вести Македонија Најважни

Владата ги заобиколува сите одговори за петте закони со европско знаменце

Одговор без одговор. Вака денеска звучеше изјавата на премиерот Ковачевски дадена за европското знаменце на петте закони за реализација на Договорот со Бехтел и Енка. Директно прашан со која европска регулатива се усогласуваат петте закони кои се испратени со собранието со европско знаменеце тој одговори дека законите обезбедуваат изградба на коридори кои десега земјава ги немала.

„Кои што ќе бидат дел од паневропските коридори, за првпат. Коридорот 8 не бил дел од паневропските коридори и со обезбедувањето на законоско усогласување коишто обезбедуваат побрза, поефикасна, поефективна и поефтина градба на овие проекти, вклучително и на други инфраструктурни проекти од делот на патната и железничката инфраструктура“, гласеше одговорот на Ковачевски.

Ковачевски отиде и чекор понатаму и на директното прашањето дали владата добила зелено светло од Делгацијата на ЕУ за европското знаменце на петте закони, односно дали Гир му кажал да ги стават тие знаменца, кратко одговори:

„И амбасадорот Гир имаше своја изјава, во којашто го истакна ставот на Европската делегација“.

А токму амбасадорот Гир во име на Европската унија денеска уште еднаш повтори, дека тие не се согласуваат со европското знаменце на законите поврзани со реализација на Договорот со Бехтел и Енка.

„Причината поради која го покренав прашањето за европското знаменце е затоа што ова прашање многу често го отвораме, најчесто во годишните извештаи, велејќи дека употребата на европското знаменце треба да се направи умерено и да се обезбедат соодветни консултации. Тоа може да се користи единствено во случаи кога има усогласување со европските закони и практики. Како што веќе кажав, тоа сега не е случај“, изјави Гир.

Делегацијата на Еропската унија реагираше на европското знаменце веднаш штом владата соопшти дека така означени ќе ги испрати петте закони во Собранието – но одговорот на вицепремиерот Бојан Маричиќ беше дека ЕУ била информирана за сините знаменца на законите пред владата да ја донесе таа одлука. Но она што досега ниту еден владин претставник, вклучително и премиерот Ковачевски, отворено не го кажува е дали одговорот од ЕУ на тоа било јасно – „не“. Телма дознава дека токму таков одговор добила владата од Делгацијата на ЕУ, но оти решила да го игнорирала.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе