Вести Македонија Најважни

Цвеќе и трнлива дебата за работната недела

Цвеќе за пратеничка, трнлива дебата за работничките права. Првиот ден од расправата за законот со кој се зголемува работната недела за работниците кои ќе работат за „Бехтел&Енка“ на изградба на автопатиштата помина во караници и меѓусебни обвинувања. Мнозинството ја обвини опозицијата за лаги и опструкции, тврдејќи дека, законот е со европско знаменце поради нивната деструктивност.

Како одговор, професорката по математика доби математичка равенка. За момент, дебатата отиде и во друг правец. Страстите малку се смирија со невообичаениот гест на претседателот на комисијата.

Дебатата за законите со европско знаменце може да трае само два дена, оттаму и опозицијата за овој закон поднесе само три амандмани. Во законот не е прецизирано колку точно ќе трае работната недела. Стои само дека, ќе се овозможи прекувремена работа подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи стратешко национално значење,по претходна писмена согласност на работникот.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Рафа на раб на здравствена катастрофа, раселените соочуваат со недостаток на санитарни услови и пристап до чиста вода

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе