Вести Македонија Најважни

Обвинителството бара притвор за мајката која ги тепала по тело и глава своите деца кои имаат четири и пет години

Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишна жена за која постои основано сомнение дека сторила две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената, на 7 мај во вечерните часови, во станот во кој престојувала на улицата „Орце Николов“ во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ги повредила своите деца на возраст од 5 и 4 години. Таа ги удирала децата по телата и главите, нанесувајќи им повеќе телесни повреди – хематоми.

Во конкретниот случај постојат очигледни околности кои на јавниот обвинител му укажуваат дека постои опасност осомничената да се даде во бегство доколку  биде пуштена да се брани од слобода. Со оглед на тоа што присуството на осомничената во оваа фаза oд кривичната постапка не може да се обезбеди со ниту една друга мерка за обезбедување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од обвинителството.​

Телма веќе објави дека е приведена 34-годишна скопјанка, која доцна синоќа, си ги нападнала своите две малолетни деца, кои сега се згрижени од Центарот за социјални работи.

Скопјанка си ги нападнала децата, таа е приведена, децата се згрижени

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе