Останато Спорт

ФОТО галерија: Ивановски повторно најбрз на ХалкЕко Скопје трча

Дарио Ивановски повторно беше најбрз на трката Скопје трча што се одржа низ улиците на Скопје.

Тој делницата од 10 километри ја мина за 30 минути и 22 секунди. Второто место му припадна Тирон Мамуша од Албанија кој зад нашиот атлетичар заостана скоро две минути додека третата позиција ја освои Иван Пешовски.

Кај дамите прва низ целта мина Билсерин Сулејман од Бугарија која имаше време од точно 37 минути. Втора е Билјана Кираџиева од Македонија со минута и 55 секунди послаб резултат, а третата позиција и припадна на Благица Цекова од Бугарија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе