Вести Македонија Топ вести

„Репортери без граници“ измерија подобрување: Македонија на 38-мо место според индексот на слободата на медиумите, во регионот најдобра дури и пред Хрватска

Земјите од Западен Балкан мора да воведат системски промени кои треба да бидат инспирирани од европската практика.

Македонија покажува реален потенцијал за промени и има соодветен напредок но дури и кај нас, медиумските слободи се загрозени поради структурни проблеми, се вели во најновиот извештај на Репортери без граници кој се однесува на индексот на слобода на медиумите.

Од 180 земји кои се најдоа на ранг листата Македонија котира на 38. Место (19 места подобро од лани).

-Целокупната средина останува поволна за слободата на медиумите и дозволува критичко известување, иако транспарентноста на институциите е прилично слаба. Продолжува и тенденцијата, владините функционери да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои во извештајот за Македонија.

Србија е единствената земја од Западен Балкан чија позиција се влошила во 2023 година – рангирана е на 91 место.

Во извештајот се наведува дека провладините медиуми во Србија шират руска пропаганда а индексот на слобода бележи најголем пад во регионот на Балканот, за 12 поени..

На светско, но и на регионално ниво голем проблем се дезинформациите кои се подготвуваат организирано, а една од последиците е и намалување на довербата во медиумите и новинарството.

Албанија е на 96. место, а потоа следат Босна и Херцеговина на 64, Косово 56, Црна Гора 39 и Хрватска е 42-ра по редослед на листата.

Најдобри за слободата на новинарството се скандинавските земји – Норвешка, Данска, Шведска, Финска, а 2-ра е Ирска. Автократските азиски држави се на дното, најлошо стојат Туркменистан, Иран, Виетнам, Кина и Северна Кореја, наведува извештајот на Репортери без граници.

Македонскиот литературен јазик ќе се брани и на домашен терен со нов Инспекторат и нови задолжувања за употреба и лекторска проверка- конечно ќе има и награда со името на Блаже Конески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на гасот – српскиот премир Милош Вучевиќ утре гостин на Мицкоски

Дејан Дејан

Ирмела и Јасмин беа неразделни – младиот брачен пар пронајден во прегратка под урнатините во Долна Јабланица

Дејан Дејан

Се активира ново свлечиште во Јабланица – продолжува потрагата по исчезнати луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе