Eрдоган им подариlна сите лидери на НАТО кои присуствуваа на самитот во Анкара изненадувачки избор на подарок, револвер со гравирано нивно име и кутија со куршуми.
Британскиот премиер Кир Стармер, кој им го откри гестот на новинарите на летот кон дома, не можеше да се врати во Велика Британија, каде што увозот на оружјето би бил нелегален.

Неговиот револвер останa во Анкара, за да биде деактивиран, и покрај тоа што Ердоган достави лична белешка со која се откажува од извозните контроли на Турција.
Стармер револверите ги комнетираше како изненадувачки избор од страна на турскиот претседател.
Покрај на Стармер, Ердоган, исто така, на секој лидер му доставил лично писмо со кое се откажува од извозните контроли на Турција врз оружјето, невообичаен чекор кој сепак не можеше да ја реши правната ситуација со која се соочи Стармер по враќањето во Велика Британија.
Сепак останува нејасно дали другите лидери на НАТО се соочија со слични пречки за враќање на своето оружје дома.
