Поскапувањето на лекот „Фостер“ нема да биде трајно, уверува директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Терапијата за пацинтите со астма и ХОББ од август ќе биде достапна во аптеките само со доплата од 280 денари. Заменскиот лек Блоцета сè уште го нема во голем дел од аптеките.
Според Клековски со додавањето на овој лек на позитивната листа заедно со други лекови се зголемила кокуренцијата, а цените паднале. Моменталната ситуација е привремена последица од усогласувањето со новите референтни цени и воведувањето конкурентен лек.
„Фостер ќе биде достапен за граѓаните без доплата, со партиципација од 280 денари бидејќи референтната цена на овој лек е пониска. Оваа цена ќе стапи на сила по веќе истрошените количини на лекот во аптеките“, рече Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.
Реакциите на граѓани кои не го нашле „Фостер“ во аптеките, стигнале и до Фондот за здравствено осигурување. Клековски кажа дека добиле повеќе претставки од пациенти и најави контроли во аптеките.
„Во еден случај матичниот лекар не издал рецепт иако имал извештај од специјалист, а во сите други претставки се вели дека е издаден рецепт, но аптеките им кажале дека го имаат само на првиватно. Ние имаме во договорите со аптеките предвидено казни за недостапност на лековите кои се на позитивна листа. Поради тоа ептеките се должни да ги имаат сите лекови кои се на позитивната листа“, рече Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување
Лекот „Фостер“ со години беше на позитивната листа и во аптека се подигаше со рецепт од матичен лекар и извештај од специјалист и чинеше 300 денари. Пред неколку недели „Фостер“ поскапе и сега чини повеќеќе од илјада денари, што предизвика револт кај пациентите.
Тамара Марковска
