Вести Македонија Топ вести

Македонскиот литературен јазик ќе се брани и на домашен терен со нов Инспекторат и нови задолжувања за употреба и лекторска проверка- конечно ќе има и награда со името на Блаже Конески

Новопредложениот Закон за употреба на македонскит јазик, според предлагачот, Министерството за култура, се заснова на: подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо; афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација; почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во оваа насока, соопшти владата по синоќешната 151-ва седница на кабинетот на Ковачевски.
Постојниот Закон за употребата на македонскиот јазик нуди многубројни решенија и механизими за градење соодветна јазична политика, коишто, според Министерството за култура е потребно да се прошират и со дополнителни механизми, што се во функција на зајакнување на почитувањето на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.
Од тие причини, се предлага донесување нов Закон за употребата на македонскиот јазик, со којшто ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање текстови што се објавуваат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа,  службените документи и текстови на овие органи, но и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката.
Со предлогот на Законот ќе се даде правна основа за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик. Министерството за образование и наука ќе објавува конкурси за стипендирање кадри за изучување на македонскиот јазик. Како и досега – и со овој закон проверката на потребното стручно знаење за лекторирање ќе се врши преку полагање испит за добивање лекторска лиценца.
За вршење инспекциски надзор над примената на Законот се предлага основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице.
Досега не постоеше инспекторат или друго надзорно тело за контрола на употребата на македонскиот јазик.
Владата соопшти дека на иницијатива од Советот за македонски јазик, а по предлог на Министерството за култура, се предлага да се востанови нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјава и во странство, којашто се предлага да го носи името на Блаже Конески – основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач.
По иницијатива на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците се предлага и воведување награда Ремзи Несими, за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и  албанологијата во државата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мирен изборен ден во Центар и Чаир

Дејан Дејан

Самхарадзе: Следиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ

Дејан Дејан

ДИК: До 11 часот за претседателските избори гласале 12,87 отсто, за парламентарни 13,69

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе