Вести Македонија Топ вести

Ден по трагедијата – работничките униформи висат на закачалка и пусто е на градилиштето на „Лимак“

Работничките униформи денес висат на закачалка. Бучавата од машините ја нема, а скелињата само немо сведочат за вчерашната трагедија на градилиштето на „Лимак“.

34-годишен работник паднал од околу десет метри височина и несреќно го загубил животот.

Докторите на Клинички беспоштедно се обидувале да го вратат во живот, но без успех.

Пациентот беше донесен некаде околу 18:30 часот, со проширени зеници и оторагија. Веднаш се пристапи кон реанимација, а некаде околу 19:20 часот настана смрт. Не ја прифати реанимацијата, во тешка состојба беше донесен пациентот, изјави д-р Александар Трајановски – Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ.

Случајот го потврдија и од Полиција, со детали за пријавата.

Во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека од објект во изградба на подрачје на Центар, со повреди се здобил работникот Ф.А. од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Од здобиените повреди Ф.А. малку подоцна починал. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од Министерството за внатрешни работи.

Денес, тивко и мирно е на градилиштето. Работниците кои инаку често и неуморно работат дури и под рефлектори, денес беа отсутни. Нив ги нема на скелињата, а ги нема и камионите коишто постојано транспортираат градежни материјали.

Од Државниот инспекторат за труд, за Телма одговараат дека инспектори веќе излегле на терен и сега се чека извештајот.

На 28 април, правниот субјект „Лимак“ од надлежните добил пофалница за освоено прво место, како субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

Од страна на Државниот инспекторат за труд, извршен е увид на лице место на несреќата од надлежен инспектор и по увидот од доставената документација ќе се изготви записник за утврдена фактичка состојба, се вели во одговорот.

Од Сојузот на синдикати, за Телма брифираат дека кај некои работодавачи, како и во конкретниот случај, вратата за нив е затворена. Затоа тие немаат увид во состојбата – колку работници се со регулиран престој, а колку на црно.

Ниту пак, можат на лице место да се уверат за почитувањето на нормите и стандардите и безбедноста на градилиштето.

Вчера, токму од ССМ и од Здружението за заштита при работа, дел од работните места ги нарекоа „македонски мински полиња“, како опис за тешката состојба на многу работници.

Тоа уследи по најавените законски измени за да се овозможи прекувремена работа на коридорите и ги натера синдикатите да повикаат да не се дозволи и таму да падне работничка крв.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе