Вести Македонија Најважни

Писмото на Агелер тајна, реакциите видливи – судската фела се бранува, владата крева раменици

Содржината од писмото на американската амбсадорка Агелер останува „јавна тајна“, а реакциите  веќе се видливи. Судската фела се бранува и расправа за него, владата крева раменици дека не може да влијае директно во правосудството.

Прва од функцијата, по писмото, падна претседателката на Судски совет. Според Весна Дамева, зборовите на Агелер се вистина, а пропустите во работењето кај судиите огромни. Нејзниото разрешување денеска има политичка заднина што, пак, според Дамева, одново се потврдуваат наводите на Агелер.

„Пинг-понг“ обвинувањата за состојбата во судството продолжуваат на релација судии – влада. Премиерот Димитар Ковачевски ја префрли вината за лошата состојба на Судскиот совет, но и на опозицијата, за која што рече дека во Собранието ги блокира законите за унапредување на работењето на правосудните органи. Писмото на Агелер, го видел, но го предал на надлежните минситерства.

Но, Ковачевски не е толку загрижен како Агелер и не сака да генерализира, дали нешто комплетно не функционира или комплетно функционира, бидејќи се работи за систем во кој што постојат поединци од кои дел веројатно добро си работат, дел помалку добро, дел треба да го унапредат своето работење, а дел може треба да бидат освежени со нови кадри, но тоа не е дел од ингеренциите на владата, вели Ковачевски.

Сепак, амбасадорката беше прецизна во збороовите и вината ја посочи во Апелациониот суд кој донесе одлуки во низа со кои на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков му врати два процеса од почеток каде што тој веќе имаше затворски казни. Обидот на Судски совет да бара одговорност за судијата Енвер Беџети е без реализација, а судскиот совет утре наместо иницијатива за одговорност за работата на судиите ќе избира претседател, откакао денеска со драматични сцени и изгласа недоверба на актуелната претседателка Весна Дамева.

Павле Беловски

Агелер со писмо: Разочарана сум од одлуките на апелација за предметите со висока корупција

Амбасада на САД: Не споделуваме дипломатска коресподенција, ве охрабруваме да барате одговори од властите и правосудството

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе